
Ал Хилал и Галатасарај нудат 75 милиони евра за Осимен, но има разлика во нивните понуди!
Доцна синоќа Ал Хилал доставил понуда од 75 милиони евра, но таа да биде платена на две рати. Првата да биде оваа година, 37,5 милиони евра, а втората наредната година, идентични 37,5 милиони евра.
Галатасарај исто така нуди 75 милиони евра. Тие предлагаат сега да платат 40 милиони евра, следната година уште 17,5 милиони евра, и уште 17,5 милиони евра во 2027 година.
Првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис се уште нема одговорено позитивно на ниту една понуда. Тој преферира сумата од 75 милиони евра да се плати веднаш.
Осимен сака трансфер во Галатасарај со кој веќе ги договорил личните услови.