Историски момент: Вимблдон во двојки доби шампиони какви што немало 89 години!

Британскиот тандем, Џулијан Кеш и Лојд Гласпол испиша историја на Вимблдон кога во прашање се машките парови.

Двајцата Британци славеа победа над Австралиецот Рини Хијкато и Холанѓанецот Давид Пел со 2-0 во сетови (6-2, 7-6) и така станаа првиот британски пар кој стигна до трофејот на Вимблдон по 89 години.

Последен пат кога британски пар го освои трофејот на најпрестижниот грен-слем турнир беше во 1936 година кога Пет Хјуз и Рајмод Тукеј станаа шампиони. Џони Мареј, Нил Скупски и Анри Патен кои се Британци исто така стигнуваа до трофејот, но сите имаа партнер од странсво.

„Што да се каже, звучи неверојатно. Во последните години имавме по еден британски победник, сега ви дадовме двајца“, порача Гласпол.

Инаку, Кеш и Гласпол сезонава се одлични на трева и претхдно триумфираа и на турнирите во Квинс и Истбурн и во овој момент се во серија од 14 победи во низа.

Фото: Wimbledon/FB