
Валенсија носи голман со клаузула која му штети на Столе Димитриевски!
Имено, Билбао потврди дека позајмицата на Агирезабала вклучува клаузула според која Валенсија ќе треба да плаќа пенали ако голманот нема доволна минутажа.
Тоа значи дека Валенсија би морала да плаќа дополителна сума на веќе исплатената компезација од еден милион евра, а тоа покажува дека во клубот од „Местаља“ се убедени дека Агирезабала има квалитет за да добива сериозна минутажа.
Валенсија во наредната сезона игра во две натпреварувања, па така според најавите на шпанските медиуми „жртвата“ ќе биде Столе Димитриевски.
Шпанскиот клуб е подготвен да ги сослуша понудите за македонскиот чувар на мрежата, но ако тој замине ќе мора да доведе негова замена бидејќи тимот ќе остане само со двајца голмани, покрај Агирезабала тука е Кристијан Роверо.
Во претходниот период Димитриевски се поврзуваше со Мајорка, но немаше ништо конкретно.
Фото: Valencia CF/X