
Во Лондон бесни: Ова е една од најголемите неправди во европскиот фудбал!
УЕФА во текот на вчерашниот ден донесе одлука да го премести премиерлигашот во најслабото европско натпреварување поради кршењето на правилата за клубови кои имаат ист сопственик во исто натпеваување.
Акции во Кристал Палас има Џон Текстор кој е прв човек и на Лон кој исто така се избори за место во Лига Европа завршувајќи ја сезоната на шестото место во Лига 1.
Лион претходно се најде пред исфрлување во понизок ранг, но по жалбата пред судот успеа да обезбеди опстанок, а тоа значеше и дека ќе игра во Европа затоа што заврши како шести во првенството. Така УЕФА даде предност на францускиот гигант поради подобриот пласман во лигата.
„Ова е една од најголемите неправди во европскиот фудбал. Ќе испратиме жалба до судот за спотска арбитража. Ова е тажен ден за фудбалот, а верувам дека вистинските фудбалски навивачи ќе ја препознаат неправдата“, изјави Периш за „Скај Спорт“.
Ако одлуката се потврди, местото на Кристал Палас во Лига Европа би можело да му припане на Нотингем Форест.
Фото: Crystal Palace F.C./X