Се оди веќе предалеку: Во Кина роботи играа фудбал! (ВИДЕО)

Модерната технологија се повеќе навлегува во секојдневниот живот, па така сега од Кина ни пристигнува една неверојатна сцена во која роботи играа фудбал.

Кина успеа да ја лансира својата прва хуманоидна фудбалска лига и моментите од првиот натпревар изгледаа комично и урнебесно.

Роботите на теренот се двиежа како деца од пет години, можеше да се види и како паѓаат и се креваат. Некои од нив беа изнесени и со носилки од теренот.

Сите одлуки кои ги носат „фудбалерите“ доаѓаат од код направен со вештачка интелигенција, a топката можат да ја видат преку камера и сите одлуки ги носат сами во реално време.

Еден од основачите, Ченг Хао вели дека работите со текот на времето ќе играат многу подобро, па дури е убеден дека толку ќе се усовршат што ќе можат да одиграат и натпревар против вистински фудбалски тим.