Светски шампион заврши зад решетки– ја претепал својата партнерка!

Американскиот боксер Џервонта Дејвис кој е светски шампион во лесна категорија во ВБА е уапсен и привторен поради напад и нанесување на телесни повреди на својата поранешна партнерка минатиот месец.

Дејвис кој е познат по прекарот „Тенк“ е уапсен во Мајами. Прекарот го доби поради своите настапи во рингот каде што е непоразен на 30 борби во кои има 28 со нокаут.

Инцидентот за кој е обвинет наводно се случил на 15 јуни пред куќата на неговата партнерка на Флорида.

Боксерот пристигнал во куќата да ги земе двете деца кои ги има со поранешната партнерка, но набрзо се случила расправија која довела и до напад од страна на Дејвис.

Според информациите девојката од ударите кои ги добила заработила исекотина на устата.

Фото: EPA