Маркез освои пол-позиција во Германија, Вињалес имаше незгоден пад (ВИДЕО)

Возачот на Дукати, Марк Маркез ќе тргне од пол-позиција на трката за Големата награда на Германија која се вози на Заксеринг.

Маркез возеше одлично, иако условите беа тешки на патеката, а до првата позиција стигна со време од 1:27.811.

Квалификациите нема да ги памети по добро Маверик Вињалес кој имаше тежок пад од неговиот мотоцикл.

Во топ-3, освен Маркез, се најдоа и Жоан Зарко со време од 1:27.962 и Марко Бецеки со време од 1:28.232.