Флик продолжи да го понижува Тер Штеген, но голманот не сака да замине!

Барселона сака да го избрка германскиот голман Марк Андре Тер Штеген, меѓутоа засега не се одвива сè по планот бидејќи тој сака да остане во клубот.

Тренерот на каталонскиот тим, Ханси Флик неколку пати го понижи сонародникот, односно ангажира нов голман Хоан Гарсија кој треба да се бори со Војчех Шчесни за место во стартниот состав.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Флик повторно го понижил Тер Штеген и му кажал дека нема да биде ниту прв, ниту втор голман на Барселона.

Тер Штеген, сепак, не е премногу загрижен за тоа и неколку пати јавно кажа дека ќе остане во Барселона да се бори за своето место.

Фото: Facebook/FC Barcelona