Рудигер цела сезона играл повреден за Реал Мадрид

Германскиот дефанзивец Антонио Рудигер минатата сезона играл со повреда затоа што сакал да му помогне на шпанскиот гигант Реал Мадрид.

„Марка“ објави дека Рудигер се жртвувал со цел да им помогне на „кралевите“, односно не сакал да ги остави во проблеми затоа што нема соодветна замена за него во тимот.

Рудигер имаше лош настап против ПСЖ на Светското клупско првенство, по што доби критики од навивачите, меѓутоа по информацијата од „Марка“ дефинитивно ќе добие поголема почит од фановите.

Германецот минатата сезона настапи на 55 меча за „кралскиот клуб“, при што постигна три голови и една асистенција.