Го изигра Милан и во последен момент избра друг клуб – сега објасни зошто!

Фудбалерот на Гент Арчи Браун кој беше пред трансфер во Милан на крајот кариерата ќе ја продолжи во Фенербахче и неговата одлука секако беше големо изненадување.

Сега во разговор со Фабрицио Романо објасни и зошто во последен момент се одлучил да го облече дресот на турскиот гигант.

„Работата практично беше договорена со Милан. Бев спремен да тргнам за Милано, но тогаш лично ме побара претседателот на Фенербахче, Али Коч. Тоа промени сè. Покажа неверојатна страст и визија. Од тој момент веќе немав дилеми, знаев дека треба да дојдам во Фенербахче“, изјави Браун.

Тој веќе е на пат за Инстанбул каде што во текот на денешниот ден ќе ги помине лекарските прегледи и ќе стави потпис на договор од четири години со можност за продолжување на уште една.

Фото: KAA Gent/X