ПСЖ во само десет минути му покажа на Реал Мадрид кој е европски шампион (ВИДЕО)

Екипата на ПСЖ е на чекор до пласман во големото финале на Светското клупско првенство (СКП) во САД, откако фуриозно го почна вечерашниот полуфинален дуел со Реал Мадрид во Њујорк.

Актуелниот европски првак во само десет минути им даде два гола на „кралевите“, покажувајќи дека се решени да продолжат со добрите игри налик на тие во Лигата на шампионите. Фабиан Руиз го постигна првиот погодок во шестата минута, а нецели 200 секунди подоцна прецизен беше Осман Дембеле, кој казни голема грешка на противничката одбрана.

 

 

Победникот од вечерашниот дуел во големото финале ќе ги одмери силите против лондонски Челси.

ФОТО: X / @LaCronicaDeHoy