
Ѓоковиќ лошо почна, ама пак лесно обезбеди полуфинале против Синер!
За српскиот тенисер ова ќе биде 14-ти пласман меѓу четирите најдобри на неофицијалното светско првенство, во кое ќе ги одмери силите против најдобриот во моментов – Јаник Синер. Популарниот Ноле лошо го почна вечерашниот дуел, откако го загуби првиот сет во тајбрејк и тоа по водство со 5-3 во гемови. Тоа како да го налути, па брзо изедначи и тоа со два брејка во вториот сет, а беше сигурен и во третиот и четвртиот сет, што значеше сигурен триумф.
Во второто полуфинале, Карлос Алкараз ќе ги одмери силите против Тејлор Фриц.
ФОТО: EPA PHOTO