
Двајца сведоци имаат поинаква верзија од официјалната за смртта на Жота!
Жота и неговиот брат патувале кон Сантандер во зелено Ламоргини кое илзета од патот и се запали. Двајцата браќа починаа на лице место.
Официјалната информација беше дека тие возеле со голема брзина, им се дупнала гума по што загубиле контрола и излетале од патот.
Но, двајцата камионџии кои биле сведоци на инцидентот не се согласуваат со тоа, велат дека брзината со која возел Жота воопшто не била голема.
„Го снимив инцидентот, застанав, се обидов да помогнам, но за жал не можев да сторам ништо. Мојата совест е чиста. Знам низ што поминав таа ноќ. Мое најдлабоко сочувство до семејството. Семејството го има мојот збор дека тие не брзаа. Можев да го видам автомобилот и бојата негова кога ме претекнаа, возеа многу мирно. Го возам овој пат секој ден, сум видел многу скандалозни возења од други автомобили, но тие возеа нормално“, рече камионџијата Хозе Азеведо.
Со ваквото негово тврдење се согласи и неговиот колега, Хозе Алеишо Дуарте кој исто така рече дека двајцата браќа се возеле со нормална брзина.