Македонија е европски шампион во Дота 2 (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Македонија во популарната видео-игра во Дота 2 стана европски шампион, откако денеска во финалето славеше против Белорусија со 2-1.

Македонските репрезентативци беа одлични од самиот старт на Европското е-Спорт првенство, откако во групната фаза запишаа дури четири победи и ниту еден пораз.

По успехот во групната фаза, Македонија продолжи да „гази“ и во нокаут-фазата каде што во полуфиналето славеше против Романија со 2-0, а потоа со два триумфи против Белорусија испиша историски успех.