Нуњез постигна гол против Престон, па прослави во стилот на Жота (ВИДЕО)

Ливерпул триумфира против Престон со 3-1 во подготовките за новата сезона, а првиот меч без Диого Жота помина во негова чест откако го загуби животот заедно со неговиот брат.

Вториот гол во победата на Ливерпул го постигна Дарвин Нуњез, кој потоа ги освои срцата на навивачите, откако реши да го прослави голот во стилот на неговиот поранешен соиграч.