Челси и ПСЖ ги избраа воините за финалето на СП за клубови!

Англискиот гигант Челси ќе се соочи против францускиот тим ПСЖ во финалето на Светското првенство (СП) за клубови, а тренерите Енцо Мареска и Луис Енрике ги избраа фудбалерите за вечерашниот меч.

Мареска се реши за формација 5-3-2, па ќе тргне со Санчез, Густо, Чалоба, Колвил, Кукуреља, Џејмс, Каиседо, Енцо, Палмер, Педро Нето и Жоао Педро.

Енрике ќе нападне со формација 4-3-3 и на теренот ќе се појават Донарума, Хакими, Маркињос, Бералдо, Мендеш, Невес, Руис, Витиња, Дуе, Дембеле и Кварацхелија.

Натпреварот меѓу Челси и ПСЖ се игра вечерва од 21 часот во Њу Џерси.

Фото: FIFA Club World Cup