
Пелистер еден месец порано почна да продава сезонски билети - поскапувањето е минимално!
Пелистер соопшти дека од 14 јули ќе им даде предност на сите кои имаат сезонски билети од минатата сезона да го резервираат своето место и за сезоната 2025/26, додека една недела подоцна, односно од 21 јули ќе почне редовната продажба.
Продажбата на сезонските билети ќе трае до првиот домашен натпревар, кој е закажан за 6 септември, а цената на билетот за централните позиции е 7.000 денари, односно 500 денари повеќе во однос на минатата година. Додека за страничните позиции во спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе се плаќа 6.000 денари, односно 500 денари повеќе од сезоната 2024/25.
Сезонскиот билет ги вклучува сите домашни натпревари на Пелистер и Пелистер 2 во сите натпреварувања, односно ракометната Суперлига, Куп на Македонија и Лигата на шампиони.
Поединечни билети за дуелите на битолските тимови ќе се продаваат неколку дена пред натпреварите, а цените ќе бидат 550 денари за централните и 450 за страничните делови на „Боро Чурлевски“.