Бразилски милионер ја запросил најдобрата тенисерка во светот (ВИДЕО)

Најдобрата тенисерка во светот, Арина Сабаленка објави пред почетокот на турнирот во Индијан Велс дека се верила со Георгиос Франгулис.

Тенисерката и бразилскиот милионер се во љубовна врска од 2024 година, а таа преку Инстаграм ја објави убавата вест.

Бразилецот е основач на глобалниот бренд „Оукбери“, познат по продажба на здрава храна, а неговото богатство се проценува на сума меѓу 75 и 100 милиони долари.