Македонија Ѓ.П со пресврт го реши Работнички, Тиквеш се прошета во Чегране (ФОТО+ВИДЕО)
Работнички кој пред овој дуел беше во мини-серија од две победи во низа тргна добро и денеска бидејќи преку Талаков по 12 минути игра стигнаа до предност. Сепак, тоа беше се од нив во денешниот дуел.

Домаќините набрзо ја преземаа иницијативата и во 38-та минута преку Али Адем израмнија на 1-1 за во финишот на првиот дел да направат и комплетен пресврт со голот на Стојчевски. Подобрата игра на „лавовите“ продолжи и во вториот дел, а во 57-та минута по еден урбенебсен кикс на голманот на Работнички, Ондоа, Николиќ само ја смести топката во мрежата за конечни 3-1.


Тиквеш на гости во Чегране кај Арсими беше уште поубедлив и си замина со триумф од 5-0. Натпреварот беше решен уште во првиот дел кога гостите трипати ја затресоа мрежата. Сите пет погодоци беа дело на различни играчи и тоа: Стојанов, Гуел, Лусианињо, Сила и Голубов.