Општина Битола ќе продолжи да дава пари во РК Пелистер!
Денеска двете страни во домот на Пелистер, салата „Боро Чурлевски“, го ставија третиот потпис од почетокот заедничката соработка.
Овој потпис пристигнува како дополнителна мотивација за ракометарите пред битката со Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите.
Најракометниот град има причина за ново задоволство. Ни претставува чест да го официјализираме продолжувањето на договорот за „Пларформата за ракометна Битола“. Акционерите, Општина Битола и компанијата Еурофарм, денес го потпишаа договорот за продолжување на соработката. Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, и претседателот на клубот и на компанијата Еурофарм, Зоран Стерјев во автентичен сегмент во спортската сала „Боро Чурлевски“ ставија потпис на третиот договор во рамките на оваа платформа.
Со оглед на тоа што стариот договор е на истек со завршувањето на оваа сезона, акционерите обезбедија сигурна иднина, стабилен буџет и компетитивен тим. Претставниците на акционерите изразија задоволство од овој договор и испратија пораки на победи и титули на армијата навивачи на Еурофарм Пелистер“, порачаа од битолскиот клуб.