Кадетите ја растурија Бугарија на стартот од Светското училишно првенство во Скопје!

Македонската машка кадетска репрезентација со убедлива победа го почна настапот на Светското училишно првенство во ракомет, откако денеска ја совлада Бугарија со (пре)убедливи 33-18.

Избраниците на Горан Кузманоски имаа контрола врз натпреварот во текот на сите 60 минути, а клучната предност ја изградија во второто полувреме. По минималната разлика на паузата, македонските ракометари отворија силно и со серија од 4-0 поведоа со 15-9, по што не дозволија противникот да се врати во игра.

Разликата продолжи да расте, па по водството од 18-11, веќе беше јасно во која насока ќе се движи натпреварот. Во 40. минута Македонија за првпат стигна до двоцифрена предност (23-13), со што практично го реши победникот.

Во следното коло, Македонија ќе се соочи со Грузија, а натпреварот е закажан за утре од 10.30 часот во салата „Македонско Сонце“.