Навивачите на Реал Мадрид жестоко го исвиркаа виновникот за елиминацијата од Баерн (ВИДЕО)

Екипата на Реал Мадрид стави крај на серијата од четири натпревари без победа, откако синоќа го совлада Алавес (2-1) и барем привремено ги задржа шансите во трката за титулата во домашното првенство.

Екипата на Реал Мадрид стави крај на серијата од четири натпревари без победа, откако синоќа го совлада Алавес (2-1) и барем привремено ги задржа шансите во трката за титулата во домашното првенство.

„Кралскиот клуб“ можеби се врати на победнички патеки, но атмосферата на „Сантијаго Бернабе“ остана тензична по елиминацијата од Баерн Минхен во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Незадоволството на навивачите најмногу го почувствува Едуардо Камавинга, кој по влегувањето во игра во 63. минута беше пречекан со свирежи од трибините, а негативната реакција продолжи и при секој негов контакт со топката. Реакцијата на публиката беше „награда“ за црвениот картон што експресно го доби пред крајот од реваншот во Минхен, по што противникот даде два гола и обезбеди полуфинале.

Стрелец на вториот гол за Реал Мадрид, пак, Винисиус Жуниор, не го прослави погодокот, а наместо славје тој со гест на извинување им се обрати на навивачите, испраќајќи порака дека и во соблекувалната се свесни за фрустрацијата која владее меѓу фановите.

ФОТО: EPA PHOTO