Малку фалело Бруно Фернандеш да заврши во друг англиски клуб!

Најдобриот асистент во историјата на Премиер лигата, Бруно Фернандеш открива дека пред да се пресели во Манчестер Јунајтед, бил блиску до договор со друг англиски клуб.

Бруно Фернандеш во Манчестер Јунајтед пристигна во 2020 година, во меѓувреме стана капитен на тимот и прераснува во вистинска легенда.

Но, неговата приказна можела да биде поинаква и тој воопшто да не стане член на тимот од Олд Трафорд.

„Пред повеќе години преговарав со Тотнем и бевме многу блиску до договор. Тогаш, во последните два дена, Спортинг рече: „Нема да го продадеме...“ и договорот пропадна“, изјави Бруно Фернандеш.

Португалецот заврши фантастична сезона во Манчестер Јунајтед. Беше прогласен за играч на сезоната во Премиер лигата и стана најдобар асистент во историјата по бројот на асистенции во една сезона надминувајќи ги бројките на Анри и Де Брујне.

Фото: X/Manchester United