И кадетките моќни на стартот на Светското училишно првенство – ја торпедираа Белгија!
Нашите девојки уште во првото полувреме го решија прашањето околу победникот (17-6). Најефикасна во македонскиот состав беше Трифуновска со пет гола, додека сестрите Лашкоски, како и Мифтари и Героска постигнаа по четири погодоци.
Следниот предизвик за македонските ракометарки е утре од 10.30 часот против Грузија, во салата „Крсте Мисирков“ во Гази Баба.