Реми на „Билјанини извори“: Охрид и Силекс во Кратово ќе решаваат за финале во Купот!

Охрид и Силекс одиграа нерешено (1-1) на „Билјанини Извори“ во првиот полуфинален меч во Купот на Македонија.

Долго кружеше топката околу голот на кратовчани, по што Охрид ја искористи првата посериозна шанса на мечот преку Иван Глигоров.

Силекс веднаш тргна по израмнување, а Охрид успешно се бранеше до 45. минута кога Алиќ со глава го матира домашниот голман за 1-1.

Гостинската екипа ја контролираше играта во второто полувреме, па се обидуваше да стигне и до втор погодок, меѓутоа немаше посериозни шанси, па натпреварот заврши 1-1.

Во второто полуфинале ќе се соочат тимовите на Шкендија и Шкендија Арачиново, а реваншите се закажани за 6 мај.