Најсмешниот гол во поновата историја на македонската Прва Лига! (ВИДЕО)

Работнички е пред нов пораз во натпреварот против Македонија Ѓорче Петров, а во овој дуел го видовме и еден од најсмешните голови во последно време на македонските терени.

Дефанзивецот Крантове се една топка мирно да врати кон голманот Ондоа кој катастрофално лошо реагираше, ја испушти топката која заврши и во мрежата за предност на домаќините од 3-1.

Ондоа во зимскиот преоден рок пристигна во Дебар Маало и тоа како големо засилување бидејќи станува збор за братучед на познатиот камерунски голман, Андре Онана.