Реал го избрка Чаби Алонсо за да донесе - полош од него
Мадридскиот тим беше елиминиран од Копа дел Реј, повторно заостанува четири бода зад лидерот Барселона, а иако крајот на 2025 година го дочека во топ-8, мораше да игра плејоф во Лигата на шампионите. Резултатите што сега ги остварува Реал не се ништо подобри, напротив, полоши се отколку во времето на Чаби Алонсо.
На 28 натпревари како тренер, Чаби Алонсо доживеа само пет порази, еден од нив во финале на шпанскиот Суперкуп, од Барселона. Арбелоа досега го водеше Реал на 12 меча и претрпе четири порази и тоа од далеку послаби екипи: Албасете, Бенфика, Осасуна и Гетафе. Сегашниот тренер на Реал се уште нема ниедно дерби, а и тој, како и Чаби Алонсо, има проблеми со повредени играчи.
Додека Алонсо се обидуваше да промовира некаков стил на игра, под водство на Арбелоа, играта на Реал не личи на ништо што најдобро можеше да се забележи на дуелот против Гетафе. Голем дел од навивачите на мадридскиот гигант веќе се помирија дека и сезонава ќе биде завршена без трофеј.