Тажна вест: Почина поранешен голман на Динамо Загреб на 54-годишна возраст!
Кох уште во 2024 година откри дека има рак на панкреас, а уште во последното интервју откри дека овој ден доаѓа и не може да се избегне.
„Ова е мое последно интервју. Знам дека денот доаѓа“, кажа Кох.
Бившиот голман бранеше од 1990 до 2009 година, а притоа настапи на 213 натпревари во Бундеслигата и 165 меча во втората лига.
Кох пристигна во Динамо во 2007 година како слободен агент, а бранеше 39 пати и ги освои првенството и Купот на Хрватска.
Фото: Facebook/GNK Dinamo Zagreb