Херојска победа на Њукасл - 60 минути играше со фудбалер помалку и го совлада Јунајтед (ВИДЕО)
Триумфот на домашниот тим дополнително добива на значење ако се знае 60 минути (заедно со судиските продолженија во двете полувремиња) играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Ремси. Тој доби црвен картон непосредно по истекот на основните 45 минути во првото полувреме, при резултат 0-0, но Јунајтед не успеа да го искористи тоа.
Пет минути откако беше испратен во соблекувална, Гордон го отвори резултатот, но радоста на домашните навивачи не траеше долго бидејќи пред крајот на полувремето, Касемиро израмни на 1-1. Во вториот дел Јунајтед нападна со сите сили, имаше неколку шанси, но втор гол не постигна.
Тоа им успеа на фудбалерите на Њукасл кои преку Осула во 90. минута дојдоа до голема победа. Херој во сенка беше голманот Рамсдејл кој одбрани неколку тешки удари. Јунајтед со овој пораз испушти шанса да се одлепи од Астон Вила со која има идентичен број бодови - по 51.