Кикс на Сити кој можеби ја реши борбата за титулата во Англија (ВИДЕО)

Екипата на Манчестер Сити од вечерва има седум бода негатива во однос на Арсенал, со натпревар помалку, откако на домашен терен одигра само 2-2 со Нотингем Форест.

Иако два пати водеше, тимот на Пеп Гвардиола не успеа да ја сочува предноста, а во финишот промаши стопроцентна шанса, па сето тоа можеби ја реши борбата за шампионската титула во Премиер лигата и покрај тоа што има уште многу да се игра. Семењо го отвори резултатот во 31. минута и тој гол беше доволен за водство на голем одмор. Во 56. минута израмни Гибс Вајт, но експресно одговори Родри и се чинеше дека Сити е на победничка патека.

Така, сепак, не мислеше Андерсон кој во 76. минута го донесе второто израмнување и со тоа го постави конечниот резултат. Нотингем Форест освои важен бод во борбата за опстанок, додека Сити на девет меча пред крајот на првенството, повторно е на иста оддалеченост како минатиот месец.

Арсенал не дозволи кикс на гостувањето кај Брајтон и со триумфот од 1-0 дојде до исклучително важна победа. Голот за триумф го постигна Сака уште во деветтата минута, домаќините подоцна беа поактивни, но не успеаја да дојдат до израмнување.

РЕЗУЛТАТИ
Астон Вила - Челси 1-4
Брајтон - Арсенал 0-1
Фулам - Вест Хем 0-1
Манчестер Сити - Нотингем Форест 2-2