Леао не ја дава „десетката“, Модриќ ќе има друг број на дресот

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ е најново засилување на Милан за новата сезона, но нема да го носи дресот со број десет затоа што Рафаел Леао не сакал да го отстапи.

„Газета дело Спорт“ пишува дека Модриќ веќе избрал друг број на дресот, а тоа ќе биде 14. Таа бројка ја носеше додека играше за Тотнем.

Модриќ пред да се пресели во Милан играше за Реал Мадрид, Тотнем, Интер Запрешиќ, Зрињски Мостар и Динамо Загреб.

Фото: Facebook/Real Madrid C.F.