Нејмар промаши празен гол, па влезе во конфликт со - сопствените навивачи (ВИДЕО)
Во центарот на вниманието се најде првата ѕвезда на домаќините, Нејмар, кој по натпреварот влезе во конфликт со сопствените навивачи. Незадоволни од изданието на тимот, навивачите на Сантос ги пречекаа фудбалерите со навреди крај аут-линијата, а Бразилецот реши да не премолчи. Пред да даде изјава за медиумите, тој со гестикулација им порача да замолчат, а потоа се обиде да го објасни резултатот.
„Грешевме, сите грешиме. Тоа е дел од играта. Создадовме многу шанси, не одигравме лошо. Навивачите се нервозни и бараат повеќе, но тимот игра добро. Ја разбирам фрустрацијата, но тоа е фудбал – некогаш топката едноставно не сака во гол“, изјави Нејмар, додавајќи кратко дека единственото решение е – „тренинг“.
Сепак, вистинскиот инцидент се случи по завршувањето на интервјуто. Додека се упатуваше кон соблекувалната, Нејмар повторно се врати кон трибините и влезе во нова расправија со дел од најгласните навивачи. Според извештаите, тој дури и навредил еден навивач на сметка на неговиот физички изглед (дебелина), по што иронично му се обратил дека му дава „пет минути слава“, видно изнервиран од ситуацијата.
Овој инцидент дополнително го продлабочи јазот меѓу најголемата ѕвезда на тимот и навивачите на „црно-белите“, кои подолг период се незадоволни и од резултатите и од односот на фудбалерот. Инаку, Нејмар во текот на првото полувреме, при водство од 1-0, промаши речиси невозможна шанса – празен гол, иако токму тој беше стрелец на единствениот погодок за својот тим.