Рафиња бесен по елиминацијата од Атлетико: Ова беше дрска кражба – голем скандал!

Екипата на Барселона официјално се жалеше на судењето на Иштван Ковач по првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите (ЛШ) против Атлетико Мадрид (0-2), но жалбата беше одбиена.

Незадоволството продолжи и по реваншот во Мадрид, кој Барселона го доби со 2-1, но сепак беше елиминирана од натамошното натпреварување. Најгласен во критиките беше Рафиња, кој по натпреварот влезе во вербален конфликт со домашните навивачи и со гестикулации им порача дека ќе испаднат во полуфиналето. Бразилецот потоа даде остра изјава:

„Ова е дрска кражба. Натпреварот ни е украден. Судиските одлуки беа проблематични во двата меча. Играчите на Атлетико направија многу фаули, а не добија ниту еден жолт картон. Би сакал да разберам зошто постои страв да се види Барселона како победува“, изјави Рафиња.

Реваншот го судеше Клемент Турпин, а изјавите на Рафиња би можеле да донесат и дисциплинска постапка против него.