Атлетико ја уништи Барса и на социјалните мрежи – последната објава е брутална (ВИДЕО)

Екипата на Атлетико Мадрид обезбеди пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите и покрај синоќешниот пораз од Барселона (1-2) во реваншот, благодарение на победата од 2-0 на првиот натпревар на „Камп Ноу“.

За каталонскиот тим стрелци беа Ламин Јамал и Феран Торес, додека единствениот гол за домаќинот го постигна Адемола Лукман. По натпреварот, од таборот на Атлетико Мадрид не го криеја задоволството од големиот успех, но и најдоа начин дополнително да го „пецнат“ големиот ривал. Мадридскиот клуб беше исклучително активен на социјалната мрежа „X“ (поранешен Твитер), каде преку серија објави испрати провокации кон Барселона и нејзините фудбалери.

Во центарот на вниманието се најде младата ѕвезда Ламин Јамал, кој пред натпреварот објави фотографија со слушалки и очила, имитирајќи ја препознатливата поза на Леброн Џејмс, како најава за пресврт во Мадрид. Одговорот на „јорганџиите“ не изостана. Тие објавија фотографија на која Антоан Гризман, Адемола Лукман, Александер Сорлот и Хулијан Алварез позираат во ист стил, јасно алудирајќи на постот на Јамал.

Со пласманот меѓу четирите најдобри во Европа, Атлетико Мадрид дополнително ги разгоре амбициите за освојување на Лигата на шампионите. Финалето ќе се игра во Будимпешта, а во Мадрид сѐ погласно се верува дека оваа генерација може да испише историја.

ФОТО: EPA PHOTO