Спектакуларни завршници во првите два меча од Плеј-инот во НБА лигата (ВИДЕО)

Кошаркарите на Портланд треилблејзерс на малку потежок начин се пласираат во плејофот, откако на гостински терен го совладаа Феникс Санс (114-110), во меч од плеј-ин разигрувањето во НБА.

Составот од Орегон со овој триумф го обезбеди седмото место на Западот и во првата рунда од разигрувањето ќе се соочи со Сан Антонио спарс. Херој на победата беше Дени Авдија, кој одигра натпревар на кариерата и постигна 41 поен. Израелскиот крилен кошаркар беше клучен во завршницата – на 40 секунди до крајот Феникс имаше водство од 108-107, но Авдија врза пет поени по ред и го сврте текот на натпреварот. Домаќините имаа шут за победа, но не успеаја да реализираат, по што Портланд го завери триумфот. Кај Феникс, најефикасен беше Џелејн Грин со 35 поени, а „сонцата“ ќе имаат уште една шанса за место во плејофот како осми тим преку дуелот со подобриот од пресметката меѓу Голден Стејт вориорс и ЛА клиперс.

Во вториот ноќешен натпревар, кошаркарите на Шарлот хорнетс по драматично продолжение славеа против Мајами хит (127-126). Херој за победничкиот тим беше Ламело Бол со 30 поени, додека значаен придонес имаше и Мајлс Бриџис со 28 поени. „Стршените“ сега ќе го чекаат победникот од дуелот меѓу Орландо меџик и Филаделфија севентисиксерс во борбата за осмото место на Истокот, додека за Мајами ова значи крај на сезоната. Хорнетс последен пат играа во плејофот во 2016 година и по цели десет години повторно се на чекор до разигрувањето за титулата.

ФОТО: X / @trailblazers