Се откажа од тенисот поради Иниеста, а сега го сакаат Барселона и Реал!

Рома минатото лето го купи талентираниот Нил Ел Ајнауи за 23,5 милиони евра од Ланс, но девет месеци подоцна работите не се развиваат најдобро поради повеќе причини, меѓутоа тоа не ги спречува Барселона и Реал Мадрид да покажат интерес за фудбалерот.

Ајнауи не блесна во дресот на Рома, иако има огромен потенцијал, а притоа помина низ тешка животна ситуација откако беше киднапиран.

Медиумите пишуваат дека младиот фудбалер следното лето ќе го промени клубот, а „Марка“ пишува дека заинтересирани за неговите услуги се Барселона, Реал Мадрид и Лајпциг.

Ајанауи треба да биде еден од најважните фудбалери на Мароко на Мундијалот, по што се очекува голем трансфер.

Интересно е тоа што како дете почнал да тренира тенис, но набрзо го променил спортот поради Андрес Иниеста.

Фото: EPA