Леверкузен го купува Грималдо на попуст!?
Причината лежи во фактот што неговиот договор истекува следното лето, па клубот смета дека ова е вистинскиот и последен момент да заработи разумна сума од неговата продажба.
Леверкузен сака да профитира и е свесен дека тешко ќе успее да го продолжи договорот со левиот бек, па токму тоа сака да го искористи Барселона.
Интерес покажуваат и Милан и Јувентус, но најреална опција во овој момент изгледа токму Барселона.
Каталонскиот клуб бара засилувања на бековските позиции, а не се исклучува ниту заминување на Алeхандро Балде за да се отвори простор за доаѓањето на Грималдо.
Според најавите неговата цена би била околу 15 милиони евра.