На Клоп не му е предизвик да биде тренер на Реал, Германецот има друга желба!
„Кралевите“ се на добар пат втора сезона по ред да не освојат трофеј, па Алваро Арбелоа тешко дека ќе го преживее овој неуспех и се очекува да биде заменет.
Низ медиумите кружат неколку имиња како можни опции на Реал Мадрид за нов тренер, а најчесто се споменуваат Јирген Клоп, Маурисио Покетино и Дијде Дешан.
„Марка“ го отфрли Клоп како опција, според нив тој не сака да биде тренер на Реал Мадрид, негова желба е да стане селектор на Германија.
Актуелниот селектор, Јулијан Нагелсман, има договор до 2028 година, а тој договор може да го скрати само лош настап на престојното Светско првенство.