
Омерагиќ: Веднаш ќе го нападнеме ривалот од Сан Марино – играњето во Европа е голем мотив!
Напаѓачот на црвено-црните, Азер Омерагиќ, кој е еден од капитените на црвено-црните, во пресрет на натпреварот истакна дека првиот дуел на домашен терен е идеална шанса да се обезбеди предност.
„Изминативе четири недели напорно трениравме и сме максимално подготвени. Европските натпревари се голема мотивација за нас. Ќе дадеме сè од себе да ја искористиме предноста на домашниот терен и со добар резултат да го дочекaме реваншот. Поквалитетен тим сме, но не го потценуваме противникот. Ќе нападнеме од самиот старт“, изјави Омерагиќ.
Делителите на правдата доаѓаат од Андора. Главен арбитер ќе биде Антоан Кјарамонти, а ќе му помагаат Хуан Гују Сера и Карлос Гончалвес. Четврти судија е Андреу Симаро.