
Ѓорческа со победа во два сета го почна настапот на фјучерсот во Германија!
Мечот траеше 100 минути, а Ѓорческа го искористи своето искуство и подобро ја контролираше играта во клучните моменти. Првиот сет го доби релативно сигурно со 6-3, додека вториот беше значително понеизвесен – се играше тај-брејк во кој Ѓорческа поведе со 4-1, а потоа ја искористи третата меч-топка.
Нашата тенисерка имаше висока реализација на брејк шанси (6/8), а освои и десет поени повеќе (74-64). Таа во второто коло ќе ги одмери силите со хрватската тенисерка Тара Вурт, втора носителка на турнирот.