
Младите ракометарки на Македонија немоќни против европскиот првак!
Избраничките на селекторот Симовски парираа во првото полувреме, но во продолжението Унгарките доминираа и ја потврдија својата класа. Велкова и Котевска беа најефикасни со по четири гола, но слабиот шут од бековите и одличната форма на унгарската голманка Лукач (9 одбрани во прво полувреме) беа клучни за убедливата разлика. Македонските голманки, Гошевска, Наумоска и Хасаноска, имаа само пет одбрани на целиот натпревар – заедно.
Следен предизвик за Македонија се натпреварите против Полска и Чешка, каде ќе се бара шанса за прв триумф на првенството.