Стравична сцена: Новак имаше среќа – можеше сериозно да се повреди на меч-топка (ФОТО+ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ максимално ги исплаши своите навивачи, откако излизга и падна со рашитени нозе на меч-топка во четвртиот сет, пред да го завери пласманот во полуфиналето на Вимблдон.

На централниот терен завладеа молк откако српскиот тенисер се лизна и со болна гримаса падна на тревата. Но, тој брзо се исправи, покажа дека го боли, но дека не е ништо страшно по што го доврши мечот против Италијанецот Флавио Коболи (6-7, 6-2, 7-5, 6-4), обезбедувајќи пласман меѓу најдобрите четворица.

Италијанецот го доби првиот сет по тај-брејк, но потоа следуваше пресврт во кој Ѓоковиќ доминираше. Вториот сет го доби убедливо, а во третиот и четвртиот успеа да ја задржи концентрацијата, и покрај незгодата што кратко го запре натпреварот.

Популарниот Ноле во полуфиналето ќе се соочи со Италијанецот Јаник Синер.

ФОТО: EPA PHOTO