
Ѓорческа сигурна, Ивановски по голема борба елиминиран во Хрватска
Ивановски по голема борба и меч кој траеше два часа и 44 минути беше поразен од Португалецот, Тиаго Переира со 2-1 во сетови.
Португалецот уште веднаш на стартот го одзема сервисот на македонскиот тенисер, кој возврати веќе во наредниот. Во продолжение од сетот Ивановски во шетиот гем дојде до нов брејк и таа предност ја задржа до крајот на сетот за водство од 1-0.
Вториот сет донесе по два брејка на двата тенисери, а Калин пропушти можност со брејкот со кој поведе 6-5 на свој сервис да ја повтрди победата. Во продолжение се играше тај-брејк кој Переира го доби со 8-6 за израмнување во сетови.
Третиот сет беше одлучен во деветиот гем кога Ивановски го изгуби својот сервис и победата ја препушти на португалскиот тенисер.
Победа во својот меч денеска забележа Лина Ѓорческа која со сигурна игра и 2-0 во сетови ја совлада домашната тенисерка Андреа Обрадовиќ на турнирот во Куршумлиска Бања.
Првиот сет Ѓорческа го доби со 4-6, додека во вториот беше уште поубедлива со 6-1.