„Војна“ во Манчестер: Сити и Јунајтед во борба за играч на Вулверхемптон!

Ривалите од Манчестер, Јунајтед и Сити размислуваат за наредниот преоден рок, а шпекулациите од Островот се дека зимава не очекува повторно битка помеѓу нив.

Според шпекулациите на англиските медиуми, „граѓаните“ сериозно размислуваат за ангажирање на Рубен Невес уште во наредниот преоден рок, па наскоро би можеле да почнат преговори со Вулверхемптон.

Меѓутоа, во Сити се загрижени поради потенцијалните понуди за Невес кои би можеле да пристигнат од „црвените ѓаволи“.

Невес, кој има само 21 година, пристигна во Вулверхемптон во 2017. година од Порто за 17 милиони евра, но сега сигурно ќе замине за многу поголема сума бидејќи има договор до 2023. година со сегашната екипа.