Три бода за Реал Мадрид: Хетафе е нова жртва на „кралевите“ (ВИДЕО)

Реал Мадрид славеше на домашен терен против Хетафе со 2-0 и така ја запиша втората победа по ред во шпанската Ла Лига.

Двата гола за „кралевите“ беа постигнати во второто полувреме, односно од 60. до 67. минута откако најпрво стрелаше Карим Бензема, а потоа и Ферланд Менди.

„Кралевите“ имаат 46 бодови, односно пет помалку од лидерот Атлетико Мадрид, кој има одиграно два меча помалку.