Тргнува хаосот: Франција ги одложи купот и ниските лиги – нема услови за фудбал во пандемија!

Иако желбите беа едно, реалноста е очигледно друга за фудбалот нормално да функционира и во најразвиените земји од најсилната до најслабата лига, како и во куп натпреварувањата, па Франција која пролетоска беше меѓу првите што ја прекина и не ја доигра сезоната, сега ги откажа сите нисколигашки лиги, како и националниот куп.

Земјата од денеска тргнува во нов едномесечен карантин, нов „локдаун“ иако комплетно нема да застане земјата, како пролетоска, но ќе продолжи да се игра само професионалниот спорт во овој период до 1 декември.

„Сите мечеви под третата лига во машка конкуренција, како и сите под првата лига во женска конкуренција, како и сите национални купови во сите категории, младинските лиги се одложуваат најмалку до 1 декември. Свесни сме дека ова е нехуман и ненормален период, ама претстојните недели ќе бидат многу тешки, а од економски аспект најдобро е само да се игра професионалниот спорт, зашто останатите немаау такви услови за да играат фудбал во пандемија. Нисколигашите не може да ги осигураат сите услови и сите мерки за заштита, за нормано да се одржи еден меч“, рекла Роксана Марчинеану, министерската за спорт во Владата на Франција.

Засега врвниот спорт продолжува да се игра, но многумина се сомневаат до кога, барем во Франција, каде како и насекаде има жестока експлозија од зараза, па ако ситуацијата н стивне, во земјата светски првак нема да биде изненадување ако го сопрат и врвниот спорт после 1 декември.