„Тонали страдаше доволно, таа болест не престана кога тој се пресели во Англија“

Тренерот на Њукасл, Еди Хау застана во одбрана на Сандро Тонали против кој ФА почна истрага за обложување на натпревари откако стана член на англискиот тим.

Тонали веќе издржува суспензија од десет месеци поради обложување, но таа му е изречена од Италијанската фудбалска федерација. Сега фудбалерот е мета на англиската.

ФА покрена истрага против него, се обложил 50 пати откако станал член на Њукасл и може да добие нова казна.

„Сандро Тонали навистина доволно страдаше. Таа болест не престана кога тој се пресели во Англија. Луѓето треба да гледаат на тоа така, а не да го обвинуваме и да го казнуваме уште повеќе, не мислам дека тоа нѐ води до коренот на проблемот“, рече Хау.