Тешка повреда за Велковски, со амбулантно возило го напушти теренот!

Македонскиот репрезентативец, Дарко Велковски заработи тешка повреда на мечот од унгарската лига меѓу неговиот Ниреѓихаза и ДВТК.

Велковски беше стартер на натпреварот, но заработи повреда поради која не само што беше заменет туку и на носилки беше изнесен од теренот, а потоа однесен со амбулантно возило.

Врз македонскиот дефанзивец ќе бидат направени сите тестови по кои ќе се знае за колку тешка повреда се работи и колку време ќе биде надвор од теренот.

Засега сигурно е само дека за него сезоната е завршена, а тешко дека ќе му биде на располагање на селекторот за мечевите од квалификациите против Белгија и Казахстан.

Ниреѓихаза го доби натпреварот со 1-0.