
Сколс: Антони е катастрофа, ама во мое време имаше еден бетер од него
Според него, тој статус го има австралискиот голман Марк Боснич кој помина три сезони во Манчестер Јунајтед во два мандата и таму ја почна професионалната кариера. Сколс го знае од вториот период во клубот, меѓу 1999 и 2001 година.
„Моравме да најдеме замена за Шмајхел и знаевме дека тоа ќе биде многу тешко. Боснич беше добар во Астон Вила, но кога дојде кај нас се однесуваше непрофесионално. Искрено, тоа беше смешно за гледање. Вежбите со шутеви кон голот траат меѓу 15 и 20 минути, тој не знаеше каде се наоѓа по три. Вистина е дека Антони е скапо платен, но за мене, Боснич е најлош фудбалер во историјата на Манчестер Јунајтед“, рече Сколс.
Боснич настапи за Јунајтед на 38 натпревари, но освои и една шампионска титула во Премиер лигата, во сезоната 1999/2000.