Сити го уништи Кристал Палас, Астон Вила продолжува да гази (ВИДЕО)

Манчестер Сити ја оствари четвртата победа по ред во Премиер лигата откако попладнево славеше на гостувањето кај Кристал Палас во мечот кој требаше да биде дерби на колото.

„Граѓаните“ триумфираа со 3-0, а до неа стигнаа апсолутно заслужено бидејќи играа цврсто во одбраната и максимално ги искористија своите шанси. Во центарот на вниманието беше Ерлинг Халанд кој постигна два од трите гола, а му помогна Фоден кој продолжи со одличната форма во англиското првенство.

 

 

Астон Вила дојде до шестата победа во низа, совладувајќи го Вест Хем со 3-2 и покрај тоа што два пати се наоѓаше во негатива. „Чеканите“ го отворија резултатот по само 29 секунди игра со голот на Фернандес, во деветтата минута гостите израмнија со автоголот на Мавропанос, но на средина од првото полувреме Вест Хем повторно дојде до предност, преку Боуен. За пресвртот и трите бода на Вила се погрижи Роџерс кој постигна два гола во вториот дел.

На другите два меча од попладневната програма во Премиер лигата, Тотнем дожживеа катастрофа кај Нотингем Форест со 0-3, а Сандерленд во локалното дерби го совлада Њукасл со 1-0.